МЗТ ги кани навивачите на Работнички на првото сезонско дерби во „Јане Сандански“

Кошаркарскиот вицепрвак на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром, кој ќе биде домаќин на првата сезонска пресметка со градскиот ривал и бранител на титулата Работнички објави соопштение во кое ги повикува навачите на противникот во „Јане Сандански“. Билетите за сите ќе бидат во слободна продажба, информираат од МЗТ.

„Пресметката помеѓу најлутите ривали секогаш носел фантастични дуели на паркетот, но и надвикување на трибините помеѓу најверните навивачи на двата тима. Тоа е ривалство кое е исто важно и големо колку и тоа помеѓу играчите на вечните противници. 

Поради сето ова, јавно ги повикуваме навивачите на Работнички утре слободно да дојдат во „Јане Сандански“ и со навивање за своите миленици да го проследат вечното дерби. Ограничувања нема да има, ниту пак некој ќе биде спречен да влезе во салата само затоа што го симпатизира нашиот противник“ – стои во соопштението од МЗТ Скопје.

Работнички по четири одиграни кола во оваа сезона нема пораз, додека МЗТ има пет дуели во кои има само еден пораз, од тимот на Блокотехна.

Се вчитува...