Сасуоло и Лацио играа само првите 15 минути, и ремизираа… (ВИДЕО)

Лацио ремизираше 1-1 на гостувањето против Сасуоло во 12. коло од Серија А.

Се што се случи главно на натпреварот, барем што се однесува до головите, се случи во првите 15 минути. Најпрво Лацио поведе со голот на Пароло во 8. минута, а домашните израмнија преку Ферари во 15. минута. И толку…

Лацио, со 22 бода, остана на четвртата позиција во очекување на вечерашната дерби пресметка меѓу Милан и Јувентус.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...