Сари дојде во Англија и веднаш постави нов рекорд во Премиер – лигата

Со ремито без голови против Евертон во викенд премерлигашкото коло, Маурицио Сари со Челси постави нов рекорд на лигата. Италијанскиот тренер со лондонскиот тим останува непоразен во актуелната сезона и сега е на рекордни 12 натпревари без неуспех во Премиер-лигата.
Ова е досега најдобро постигнување на тренер кој дебитира во најсилната англиска фудбалска конкуренција.
Сари го презеде Челси од сонародникот Антонио Конте со задача да го врати меѓу конкурентите за титулата во Англија. Тимот од западен Лондон имаше голем резултатски пад веднаш по  шампионската сезона 2016/17.

 

Се вчитува...