Пандев добива нов тренер во Џенова: Игор Тудор го менува Јуриќ!?

Хрватскиот стратег Игор Тудор се очекува да биде именуван за нов тренер на Џенова, пренесуваат дел од италијанските медиуми.

Според најавите од Апенините, во текот на следните 24 часа првиот човек на Џенова, Енрико Прециози се очекува да му враќи отказ на Јуриќ по серијата очајни резултати на тимот. На тој начин продолжува „тренерската вртелешка“ во Џенова која е добро позната за италијанската јавност.

Претходно се спомнуваше дека Клаудио Раниери треба да го преземе кормилото на џеновјаните, но сега се категорични тврдењата дека Игор Тудор го наследува Јуриќ.

40-годишниот Игор Тудор е поранешен хрватски репрезентативец кој во својата тренерска кариера досега ги предводел сплитски Хајдук, грчки ПАОК, Галатасарај и Удинезе. Но, никаде со позабележителен успех.

Се вчитува...