Се јави организаторот на трката „Водно 2018“: Гледачот е сам виновен за инцидентот

По инцидентот кој се случи изминатиов викенд за време на авто-трката на ридски патеки „Водно 2 2018“ во кој беше повреден еден неодговорен гледач покрај патеката, со официјално соопштение се огласи и организаторот АКК „Скопје“. Организаторите нагласуваат дека и покрај сите преземени максимални безбедносни мерки заедно со Министерството за внатрешни работи на РМ, неодговорниот гледач и покрај бројните опомени самоиницијативно прекршил неколку безбедносни мерки по што на крајот и се извинил за инцидентот кој го предизвикал.

Од АКК Скопје потенцираат дека гледачот минал без посериозни повреди.

СООПШТЕНИЕТО ОД АКК СКОПЈЕ, СО ДЕТАЛИТЕ ЗА СИТЕ СЛУЧУВАЊА НА ТРКАТА „ВОДНО 2 2018“ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Ви се обраќаме во својство на организатори на денешниот ридско-брзински натпревар „ВОДНО II“ 2018, кој се бодува за државниот шампионат во автомобилизам на Република Македонија за 2018 година, кој се одржа овој викенд на 10 и 11 ноември на падините на планината Водно, во Скопје.

Заради објективно известување на јавноста, ви ги ди проследуваме следните изворни информации во врска со настанатиот инцидент на денешнниот натпревар.

Безбедносното и организациското ниво на овој натпревар како ретко до сега беше на максимално и завидно ниво. Имено, на овој напревар организаторот заедно со ЈП Улици и патишта заменија и обновија безбедносна и заштитна ограда во должина од 140 м долж патеката која претходно воопшто ја немаше или беше премногу оштетена, се пополнија и асвалтираа сите ударни дупки кои не беа поправени години наназад, за одбележување на просторот кој е забранет за гледачи се употреби и постави повеќе од 2км одбележувачка сигнална лента на која видно означено на А4 формат пишуваше „ЗАБРАНЕТО ЗА ГЛЕДАЧИ“, просторот од кој што можеше безбедно да се следи натпреварот беше обезбедуван од органите на МВР, беше распоредена 20 члена екипа на агенција за обезедување, дополнително, согласно правилниците за натревари на риски патеки беа поставени 30 редари видливо означени со флуоресцентни елеци на кои пишува „РЕДАР“, беа поставени 20 обучени и лиценцирани автомобилски судии (обезбедени и опремени со сигнализирачки знамиња, прва помош, радио станици, талк за уље, метли и боци за гасење) исто така видливо означени со флуоресцентни елеци, на кои е испишано „СУДИЈА“. Покрај службено полициско возило патеката дополнително ја контролираше и безбедносно возило „SAFETY CAR“. На патеката беа официјално присутни и екипи на брза помош, пожарна служба  и 4 влечни возила.

Со вакви безбедносни и сигурносни мерки безрезервно можеме да се споредуваме и со најголемите европски натревари.

Што се однесува пак до инцидентот кој одредени медиуми го квалификуваа како „голем инцидент со искршеници на раце и нозе“, сакаме да ви ја дадеме следнава објективна информација. Гледачот кој е повреден, самоиницијативно, без никој да го види (полиција, судија, редар, обезбедување) преку спореден пристап од приватен имот дошол до патеката сакајќи да го проследи и сними натреварувачот кој е дел од споменатиот инцидент. Ја отстранил и искинал сигналната лента која го означува забранетиот простор за гледачи и застанал на забрането и несоодветно место за гледачи. Истиот, во првиот момент кога бил забежежан од страна на организаторот бил опоменат и по негова согласност се повлекол од забранетиот простор. Се работи за гледач кој два пати е опоменат и отстранет од истата локација. И покрај ова, истиот повторно, без да биде забележан се вратил на истото место. По настанување на инцидентот веднаш, во истиот момент (бидејќи се случи на само 150м по стартот) е интервенирано од страна на судија, редар, обезбедување и директор на трка (на лице место). Со лицето е разговарано на местото на случувањето, при што тој свесно се извинувал за проблемот кој го направил и се пожалил на болка во ногата, во моментот на пристигање на веќе повиканото болничко возило. Гледачот по укажаната лекарска помош контактирал со директорот на трката, повторно извинувајќи се за неговото несоодветно и несовесно однесување, непочитување на правилата на натпреварот.

Овој натпревар помина во одлична атмосфера и организација, со присуство на голем број на глдачи, љубители на автомобилизмот.

Беше традиционално одбележан денот на ослободување на Град Скопје, 13ти ноември, како и сто годишнината од потпишувањето на примирјето за завршување на првата светска војна.

Натпреварите на ридските патеки неможат да бидат херметички обезбедени од повеќе и најразлични причини и затоа во голем дел комплетното одвивање на ваквите натревари  зависат од собраќајната и спортската култура на гледачите.

За прв пат после десетгодишна агонија во автомобилизмот во Република Македонија се одржа натпревар на кој присуствуваа 50-тина возила во различни категории, од кои 7 беа гости од соседните балкански држави. Присуствуваа повеќе од 15-тина илјади гледачи, дојдени да ги следат и бодрат македонските асови на автомибилизмот. Натпреварот се одржа на старата и позната патека која се вози уште од 70те години, на потегот од Олимписко Село до Средно Водно.

На овој натпревар, кој воедно е последен во оваа 2018 сезона се одлучуваше и за новите пампиони на Република Македонија во автомобилизам.

Во прилог и официјалните резултати од натпреварот изминатиов викенд:

 

Се вчитува...