„Вардарци“ со нов проблем: Мораеш оди на операција, три месеци пауза

„Вардарци“ се соочуваат со нов проблем за продолжението од натпреварите во Лигата на шампионите.

Тренерот Роберто Гарсија Парондо до крајот на годинава повеќе нема да може на смета на Рожерио Мораеш кој денеска оди на операција на коленото.

Самиот Мораеш, преку својот Инстаграм профил, информираше дека денеска го очекува хируршка интервенција на коленото поради која завршува со настапите за оваа година, а го очекува пауза од најмалку три месеци.

„Го одиграв мојот последен натпревар оваа година за Вардар, сега ме очекува операција на коленото. Не ми беше лесно да играм три месеци со болка. Се враќам наскоро“ – информираше Мораеш.

А, Вардар изминатиов период има проблеми и со Вуко Борозан кој изминатиов период исто така се мачи со континуирани повреди.

Се вчитува...