Солари го разбуди ѕверот, ќе добие договор до крајот на сезоната

Реал Мадрид е повторно моќен и реди победи, а големи заслуги за тоа има Сантијаго Солари, стратегот кој седна на клупата како привремено решение по заминувањето на Хулен Лопетеги и успеа да го разбуди заспаниот ѕвер. По триумфот (2-4) на „кралевите“ во Виго, се очекува Солари да добие договор до крајот на сезоната, а Флорентино Перез дефинитивно да ја одложи ионака неуспешната потрага по нов шеф на стручниот штаб.

Со него на клупата, Реал Мадрид оствари четири победи во низа и успеа да постигне 15 гола. Денес е последниот официјален ден за Солари како “привремен тренер”. Според правилата на Фудбалската федерација на Шпанија, оваа позиција може да се користи само две седмици по назначувањето. Согласно одличните резултати, раководството ќе му даде шанса да остане барем до крајот на сезоната.

Се вчитува...