Проблеми за Реал: Начо паузира два месеци, а Кашемиро – три седмици

Реал Мадрид се врати во победнички ритам и во трка за шампионската титула во Ла Лига, но на дуелот со Селта загуби двајца квалитетни фудбалери. Дефанзивецот Начо и играчот за врска Кашемиро заработија повреди поради кои ќе отсуствуваат подолг период.

Начо ќе паузира два месеци. Тој ги повреди лигаментите на десното колено и ќе мора да отсуствува до почетокот на јануари. Кашемиро мина малку подобро, тој заработи повреда на скочниот зглоб и според деталните лекарски прегледи ќе отсуствува околу три седмици. Поволна околност за „кралевите“ е што следи период за репрезентативна пауза.

Се вчитува...