На трибините во СЦ „Јане Сандански“ на вечното дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички се наоѓа и Перо Антиќ, кој непосредно пред почетокот на натпреварот пристигна во аеродроскиот спортски храм.
Антиќ се смести во ложата веднаш над актуелниот претседател Петар Наумоски, со кого долгогодишниот репрезентативец имаше бројни конфликти во последните неколку години.
Перо Антиќ се уште е без клуб, откако подготовките ги мина со тимот на Гостивар, а пред неколку дена настапи за ветераните на Работнички на хуманитарен натпревар во „Градски парк“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА