Првото вечно кошаркарско дерби во Аеродром минува во одлична атмосфера. На трибините од СЦ „Јане Сандански“ има над 4.000 фанови, а по почетниот прекин (поради фрлање на хартиени ленти пред почетното потфрлање на судиите) дуелот го одбележува фер и коректно навивање на двете страни. Присутни се и околу стотина навивачи на Работнички, кои им даваат поддршка на избраниците на Марин Докузовски, против далеку побројните припадници на „Фемили Аерором“.
По првите дваесет минути игра сепак повеќе причини за задоволство имаат гостите, кои водат речиси цело полувреме и заслужено заминаа на одмор со предност од 44-48. Чавдар Костов е најефикасен кај Работнички со 13 поени, три повеќе од Кире Никколовски, додека најпрецизен во таборот на МЗТ е Андрија Бојиќ со 17 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА