МЗТ Скопје Аеродром ја загуби првата сезонска пресметка со Работнички. Во драматичниот натпревар со неизвесен финиш пресуди смирениот Димитар Мираковски кој го погоди клучниот шут и обезбеди победа на актуелниот шампион.
Тренерот на вицепрвакот, Ѓорѓи Кочов ги признава грешките во неговиот тим.
„Не смеевме да влеземе во ваков натпревар. Тие се обидоа со комбинирана одбрана да не забават што до некаде и им успеа. Немавме контра-напад, немавме добра одбрана. Некаде околу три минути пред крајот се договривме да преземеме и да направиме фаул, но го оставивме Мираковски да шутира што беше катастрофа. Ова е само почеток на сеозната. Штета што не успеавме да победиме, но одиме натаму со главата горе“ – рече по натпреварот тренерот на МЗТ .
За МЗТ ова е втор пораз во сезоната по неуспехот кај Блокотехна на почетокот од шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА