Марин Докузовски беше задоволен од остварената победа на првото дерби сезонава против МЗТ Скопје, но уште повеќе поради извонредната атмосфера што ја создадоа навивачите на двата тима.
„Пак ќе кажам, само МЗТ Скопје и Работнички можат да понудат ваков спектакл. Играта на теренот беше на ниво, но исто така и атмосферата на трибините, без ниту еден посериозен инцидент. Ова беше одлична промоција, на првото дерби, добра најава за она што ќе следи во натамошниот дел од оваа сезона. Што се однесува до натпреварот, мислам дека заслужено победивме бидејќи водевме речиси цел натпревар. Иако примивме многу поени, мислам дека со комбинираната одбрана го исфрливме противникот од ритам на психолошки план. Севкупно гледано, натпреварот го добивме со беспрекорна игра во нападот. Ова е само прв дуел со МЗТ, секогаш е убаво чувството кога ќе се победи дерби дуел, но реално гледано триумфот не значи премногу бидејќи има уште многу да се игра до крајот на сезонава“ – изјави Докузовски веднаш по големата победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА