Работнички славеше над МЗТ Скопје во првата пресметка на вечните ривали за оваа сезона. Резултатски значењето е речиси никакво со оглед на тоа уште колку натпревари ќе ги очекуваат до крајот на сезоната, но пораката на „центарци“ е моќна – без Чековски и со само еден странец покажаа зошто се шампиони, славејќи среде Аеродром.
Сепак, највредна за истакнување е одличната атмосфера без ниту еден посериозен инцидент, што уште повеќе го разубави кошаркарското шоу на теренот.
Има уште многу да се игра сезонава, но што повеќе натпревари нека бидат како овој денешниот, со квалитетна кошарка на теренот и атмосфера за мерак на трибините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА