Шампионот Голден Стејт претрпе нов пораз во НБА-лигата, овојпат на гостувањето против ЛА клиперс со резултат 121-116, и тоа по дополнителни пет минути. „Воините“ настапија без повредениот Стеф Кари, чие отсуство остави трага врз нивната игра и придонесe актуелниот првак да го претрпе третиот пораз сезонава. Клеј Томпсон постигна 13 поени во последната четвртина, вкупно 31, но и тоа беше недоволно за да се стигне до триумф. На крајот пресуди Лу Вилијамс, кој ги постигна последните пет поени со кои клиперси се одлепија и стигнаа до значајна победа.
Филаделфија се уште го чека официјализирањето на „трејдот“ за Џими Батлер, но „сиксерси“ во меѓувреме рутински славеа на гостински терен против Мајами со 114-124. Во главна улога беше Ембид, кој одигра уште еден извонреден натпревар стигнувајќи до 35 поени и 18 скокови, со што асот на Филаделфија стана прв играч во лигата сезонава со девет натпревари со најмалку 30 поени и 10 скокови.
Оклахома сити лесно го совлада Феникс со 118-101 дури и без помошта на Расел Вестбрук, осми триумф на тимот на Оклахома во последните девет натпревари.
Резултати НБА:
Вашингтон – Орландо 117-109, Мајами – Филаделфија 114-124, Торонто – Њу Орлеанс 110-126, Чикаго – Далас 98-103, Мемфис – Јута 88-96, Минесота – Бруклин 120-113, Оклахома – Феникс 118-101, Сакраменто – Сан Антонио 104-99, ЛА клиперс – Голден стејт 121-116 (по прод.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА