Шпанскиот прволигаш Селта Виго го отпушти досегашниот тренер Антонио Мохамед и на негово место за нов шеф на стручниот штаб го назначи португалскиот стратег Мигел кардозо. Лошите резултати од почетокот на сезоната беа пресудни за промена на тренерската позиција, а Аргентинецот мораше даси замине од кормилото по последниот пораз (2-4) од Реал Мадрид на домашен терен.
Селта се наоѓа на 14. место на табелата во Ла Лига со само 14 освоени бода. Тимот има само една победа во последните девет натпревари од шпанскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА