Солари ќе добие договор од Реал Мадрид до 2020 година

Аргентинскиот стратег Сантијаго Солари експресно ја заслужи довербата на претседателот Флорентино Перез и на раководството на „кралскиот клуб“. Според шпанските медиуми, Реал Мадрид ќе му понуди договор до 2020 година. Со четирите победи откако дојде на клупата, Солари веќе заслужи договор до крајот на сезоната, но Перез одлучил тој да биде и долгорочно решение, како што своевремено му даде шанса и на Зинедин Зидан.

Французинот довербата ја оправда на најдобар можен начин и за две и пол години на кормилото на „кралскиот клуб“ освои се што можеше да се освои со составот на Реал Мадрид. Перез се надева дека клубот ќе отпочне нова ера и со Сантијаго Солари.

Реал Мадрид се врати во трка за титулата и сега заостанува четири бода зад лидерот Барселона.

Се вчитува...