Клаудио Раниери се врати во Англија, ќе го предводи Фулам

Италијанскиот стратег Клаудио Раниери е именуван за нов менаџер на англискиот премиерлигаш Фулам. Тој доаѓа на местото на Славиша Јокановиќ, кој доби отказ по слабите резултати на стартот на сезоната. Фулам се наоѓа на последната позиција на табелата во Премиер – лигата, со само една победа во 12 кола и пет освоени бода. Токму поради ова, раководството одлучи да направи промена во периодот на репрезентативната пауза.

Клаудио Раниери со тимот на Лестер сензационално ја освои шампионската титула во Англија во 2016 година, а последните две сезони беше тренер на францускиот клуб Нант. Во минатото, од 2000 до 2004 година беше и на кормилото на Челси во англискиот фудбал, а во богата кариера беше тренер и на Јувентус, Интер, Парма, Фиорентина, Валенсија, Атлетико Мадрид, Монако…

Се вчитува...