Арнаутовиќ го напушта Вест Хем и се сели на „Олд Трафорд“?

Марко Арнaутовиќ вели дека е во „најдобрите години“ за да го напушти Вест Хем и да биде во ист тим со „најдобрите играчи“. Британските медиуми го поврзуваат напаѓачот со Манчестер jунајтед кој минатото лето беше заинтересиран за неговите услуги. Тој и Мурињо работеа заедно во Интер и тоа ја зголемува можноста за потенцијалниот трансфер.

„Имам 29 години и ова е најдобриот период. Јасно е дека сакам да играм со најдобрите“ – вели Арнaутовиќ.

Австриецот дојде во Вест Хем од Стоук во 2017 година за 20 милиони фунти. Сезонава на 11 натпревари има постигнато пет гола.

 

Се вчитува...