Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денеска организираше прием за македонската карате репрезентација која учествуваше на Светското првенство во Мадрид, Шпанија.
Каевски го поздрави успехот на машкиот тим во борби кој освои 7. место што е најголем успех во екипна конкуренција во историјата на македонското карате.
Македонија во Мадрид остана без медал на светското првенство. Во поединечна конкуренција, Берат Јакупи стигна до четвртфиналето, а на чекор од полуфинале остана и Азис Исмаил кој загуби во репасажот во битката за бронзен медал. Европскиот шампион Емил Павлов натпреварувањето го заврши уште во првото елиминациско коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА