ПСЖ ја продолжи својата доминација во Лигата на шампионите откако во рамките од осмото коло ја забележа својата осма победа, овојпат на жешкото гостување во Фленсбург со убедливи 20-27. Германскиот тим минатиот викенд им создаде многу проблеми на Раул Гонзалес и неговите избраници среде Париз, но „светците“ овојпат одиграа далеку подобро, доминираа цел натпревар и заслужено се зацврстија на врвот на табелата.
По пет минути игра резултатот гласеше само 1-0, за потоа ПСЖ да влезе во својот препознатлив ритам во нападот и да почне да ја полни мрежата на Буриќ. На спротивната страна одличен на голот на францускиот шампион беше Омејер, кој со неколку одлични одбрани уште во раната фаза ги откажа клучните играчи во нападот на Фленсбург. На полувреме се замина со водство на ПСЖ од 9-12, во раната фаза од вториот дел Фленсбург влезе во црна серија од осум минути без постигнат гол, период во кој избраниците на Гонзалес уште повеќе се одлепија на резултатски план и стигнаа до нови бодови.
Покрај одличниот Омејер, најзаслужни за осмата победа во низа на ПСЖ во Лигата на шампионите беа Генсхајмер со шест и Омејер со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА