Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал веќе во јануари би можел да дојде во Италија, но нема да го засили Интер. Тој беше на чекор до потпис со „нероаѕурите“ минатото лето, но на крајот ја прифати понудата на Барселона. Сепак, одигра само 367 минути во дресот на каталонскиот тим, не е задоволен од минутажата и размислува за заминување во зимскиот преоден рок. Ова сака да го искористи првакот Јувентус.
Тренерот Масимилијано Алегри е во потрага по засилувања во средниот ред, а Видал би бил одлична опција. Тој во минатото го носеше дресот на „бјанконерите“, и Торино за него е веќе добро позната дестинација. Јувентус е подготвен да го земе на шестмесечна позајмица, со опција за комплетно откупување на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА