Велшкиот интернационалец Арон Рамзи дефинитивно нема да го продолжи договорот со англискиот премиерлигаш Арсенал и ќе го напушти „Емирати“ на крајот од сезоната. Играчот за врска по 11 години ќе си замине од лондонскиот клуб, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде Баерн Минхен.
Германскиот првак е во завршни преговори со Рамзи, во јануари тој ќе потпише преддоговор, а на лето и дефинитивно треба да се пресели на „Алијанц арена“. Во трка за потписот на Арон Рамзи се и Челси, Ливерпул, Јувентус и Реал Мадрид.
Баерн Минхен исто така се интересира и за Анте Ребиќ, кој игра во одлична форма во дресот на Ајнтрахт. Хрватот летото беше поврзуван со преселба во Минхен, сепак на крајот остана во Франкфурт, но според последните информации Баерн е подготвен со понуда од 50 милиони евра да го доведе Ребиќ на „Алијанц арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА