Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година денеска во Подгорица, Црна Гора, го одработи последниот тренинг пред утрешната пријателска средба со соодветната селекција на Србија.
Селекторот Добринко Илиевски во Подгорица ќе ја тестира новата генерација фудбалери, која се подготвува за следниот квалификациски циклус, низ два тест дуели. Покрај утрешниот со Србија на 19. ноември во понеделник ќе се соочиме и со домаќинот Црна Гора.
Селекторот Илиевски за двата тест дуели во Подгорица повика вкупно 21 фудбалер:
Голмани: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Филип ТРАЈЧЕСКИ (Струга Трим Љум), Томас БОЖИНОВСКИ (Виторија, Португалија);
Одбрана: Ване ЈОВАНОВ (Академија Пандев), Тодор ТОДОРОВСКИ (Вардар), Филип ТРАЈАНОВСКИ (Оддеволд, Шведска), Есмин ЛИЧИНА (Скопје), Оливер СТОЈМЕНОВСКИ (Работнички), Агрон РУФАТИ (Истра 1961, Хрватска);
Среден ред: Давор ЗДРАВКОВСКИ (АЕЛ Лимасол, Кипар), Јани АТАНАСОВ (Бурсаспор, Турција), Милош ТОШЕВСКИ (Земун, Србија), Андреј ТОДОРОСКИ (Фјорсдорфер, Австрија), Марко ФЕРУКОВСКИ (Кикерс Офенбах, Германија);
Напад: Даниел МИЛОВАНОВИЌ (Академија Пандев), Кристијан ТРАЈЧЕСКИ (Оливеира Хоспитал, Португалија), Милан РИСТОВСКИ (Кршко, Словенија), Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Викторија Жижков, Чешка), Димитар МИТРОВСКИ (Спортинг Лисабон, Португалија), Марио КРСТОВСКИ (Академија Пандев), Емил АБАЗ (Бершот, Белгија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА