Хјустон триумфираше убедливо со 107-86 во големото дерби против актуелниот шампион Голден Стејт, во еден од синиќешните три одиграни натпревари од НБА лигата.
Тимот од Тексас и оваа сезона има само една цел а тоа е да го тргне Голден Стејт од престолот на НБА лигата, па таа мотивација беше очигледна и на синоќешната средба. Актуелниот шампион не е ист тим без Стеф Кари. Освен воведните моменти во кои имаа предност, се останатото беше доминација на домаќините.
На крајот Хјустон славеше победа од 21 поен разлика, а до победата ги водеше Џејмс Харден со 27 поени, но и со очаен шут од игра (8/23). На спротивната страна Кевин Дурант постигна 20 поени.
Во останатите два натпревари, ЛА Клиперс славеа во „Стејплс центарот“ против Сан Антонио со 116-111, додека Денвер триумфираше против Атланта со 138-93.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА