Репрезентацијата на БиХ одигра без голови против Австрија во Виена со што го обезбеди пласманот во полуфиналето од Б лигата, и пласман во Лига А од новото натпреварување, Лигата на нации.
Сето тоа за задоволство на селекторот Роберт Просинечки кој вели дека се освен пласман на Европското првенство за неговата репрезентација би било неуспех…
„Мора да им честитам на момците за се што прават и за начинот на кој го одиграа овој натпревар. Овие момци се неверојатно, навистина имаат квалитет, а сега добија и голема самодоверба. Сега се вистинска екипа и мислам дека се освен пласман на Европско првенство би било неуспех. Ние и низ ‘вистинските’ квалификации ќе се обидеме да се пласираме директно на ЕП, и без Лигата на нации… Но, фактот дека сега се пласиравме во елитната група е еден голем успех за мене како тренер, но и за БиХ“ – истакна Просинечки по синоќешниот натпревар во Виена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА