Модриќ горд: Ова е вистинското лице на Хрватска

Хрватска во супер-драматичен натпревар славеше над Шпанија со 3-2, задржувајќи си ги шансите за првото место во групата и освојување на Лигата на Нации. Хрватите до триумф дојдоа во судиското продолжение, а капитенот Лука Модриќ не ја криеше радоста што светскиот вицепрвак го зеде скалпот на селекцијата што само два месеци претходно ги декласираше „коцкестите“ со 6-0.

„Не размислувавме за одмазда, но тој пораз сигурно ни беше мотивација да покажеме не е реално да губиме од 0-6. Ова денеска беше вистинското лице на Хрватска, зад нас ја имавме феноменалната публика, која беше наш 12. играч. Одигравме голем меч, борбен, цврст, токму онака како што се договоривме за да победиме една голема репрезентација како Шпанија“ – изјави Модриќ.

„Математиката“ од оваа група е јасна, победникот на последниот меч Англија – Хрватска го освојува првото место, поразениот испаѓа во Б групите од Лигата на Нации. Доколку мечот заврши нерешено, првопласирана во оваа група останува Шпанија.

Се вчитува...