Раниери е свесен за тежината на предизвикот со преземањето на кормилото на Фулам, но италијанскиот стручњак со чудото во Лестер покажа дека знае како се победува и со мали екипи во Премиер-лигата. Негова примарна цел е да го засили тимскиот дух во својот нов клуб, па Раниери веќе им испрати порака на своите фудбалери.
„Мораме да работиме заедно, сакам да видам тимски дух, екипа што се бори. Јас не сум чудотворец, сите заедно треба да оствариме добар резултат. Во Лестер за секој натпревар без примен гол честев пица. Сега тоа не е доволно, ако не примиме гол, ќе ги носам сите фудбалери во Мекдоналдс“ – порача Клаудио Раниери.
Италијанецот ќе добие бонус од еден милион фунти ако успее да го спаси Фулам од испаѓање, доволна мотивација да го излече најдоброто од лондонскиот тим во наредниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА