Евролигата го „тресна“ газдата на ПАО со 440.000 евра казна

Раководството на Евролигата не покажа милост кон Димитрис Јанакопулос, драстично казнувајќи го газдата на Панатинаикос за своите лудории за време на грчкото дерби со Олимпијакос.

Јанакопулос е казнет со 30.000 евра поради обвинувањата кон судиите дека биле купени од големиот ривал, но уште подраматично е активирањето на двете условни казни од ланската сезона. Така, претседателот на ПАО ќе плати уште 160.000 евра за ативирање на казната од 9 април, како и дополнителни 250.000 евра за казната од 20 април, за нарушување на имиџот на кошаркарскиот спорт и загрозување на односите меѓу клубовите.

Интересно, условната казна за забрана на Јанакопулос за следење на натпреварите од Евролигата се уште не е активирана, па тој ќе може да продолжи да го бодри ПАО од трибините, без оглед на големиот ризик од нови инциденти.

Се вчитува...