Пулишиќ пред трансфер во Челси

Челси е на добар пат да ја победи конкуренцијата и да потпише договор со Кристијан Пулишиќ, американското „чудо од дете“ во тимот на Борусија Дортмунд за кого се интересираат најмалку половина европски гиганти. Лондонскиот клуб веќе извесно време разговара со „милионерите“ од Дортмунд за овој трансфер, а според последните информации Челси се согласил да плати 70 милиони фунти, колку што Борусија бара за овој 20-годишен фудбалер.

Роман Абрамович се брза трансферот да биде комплетиран час поскоро поради сериозните закани на Челси да му бидат изречени трансфер-забрани од неколку преодни рокови, но прашање е дали тоа ќе ги спаси „сините“ да можат да го регистрираат во јануари доколку трансферот го договорат предвреме.

Пулишиќ неколку сезони наназад важеше за суперталент на Борусија, но тој неочекувано сезонава се најде во заден план по блесокот на Санчо. Американецот дури и го загуби првотимскиот статус, а „милионерите“ се свесни дека мора што поскоро да го продадат за да ја наплатат висока вредност на пазарот, па ќе се обидат да се разделат од овој фудбалер вќе во јануарскиот преоден рок.

Се вчитува...