Убава македонска вечер во Вадуц (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Вадуц, Лихтенштајн

Владимир Булатовиќ

Македонија ја оствари целта за која допатува во Лихтенштајн на петтиот натпревар од Лигата на нациите. Триумфот од 0-2 можеби дојде потешко од очекувањата, но на крајот кога се ќе се сумира – победничка македонска вечер под Алпите.

На трибините на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц главно македонски фанови… Фудбалерите имаа повеќе од сериозна поддршка, трите бода на крајот се освоени, па останува како и што се планираше со Гибралтар за три дена во Скопје да се стигне до првото место во групата!

 

Се вчитува...