„Рептилите“ без одговор за незапирливиот Кајри Ирвинг

Торонто го претрпе третиот пораз во низа во НБА-лигата откако „рептилите“ претрпеа пораз на гостувањето против Бостон селтикс со 123-116. Мечот што беше решен со продолжение од пет минути мина во знакот на Кајри Ирвинг, кој го одигра својот натпревар натпревар во дресот на Бостон. Ирвинг блескаше во дополнителните пет минути, во кои или поентираше или асистираше при сите успешни акции на селтикси, кои постигнаа 16 поени во овој период.

Поранешниот соиграч на Леброн Џејмс од Кливленд го заврши мечот со 43 поени и 11 асистенции, со што стана прв кошаркар на Бостон со над 40 поени и 10 асистенции по Ентоан Вокер во 2001 година.

Милвоки имаше негатива од 18 поени во првото полувреме против Чикаго, но бакси направи голем пресврт благодарение на извонредната трета четвртина што ја добија со 46-17, за на крајот да слават со убедливи 123-104. Ерик Бледсо беше најефикасен кај Милвоки со 25 поени.

Џими Батлер постигна 28 поени на својот прв домашен натпрвар во дресот на Филаделфија, што неговиот тим го доби против Јута џез со 113-107.

Резултати НБА:

Бостон – Торонто 123-116 (по прод.), Индијана  – Мајами 99-91, Филаделфија – Јута 113-107, Вашингтон – Бруклин 104-115, Мемфис – Сакраменто 112-104, Минесота – Портланд 112-96, Њу Орлеанс – Њујорк 129-124, Милвоки – Чикаго 123-104.

Се вчитува...