Шифрин најдобра на слаломот во Леви

Американската специјалистка за технички дисциплини, Микаела Шифрин триумфираше на слаломската трка во Леви, втора во сезоната од Алпскиот Светски скијачки куп, прва во оваа дисциплина.

Шифрин беше доминантна во финскиот центар, имаше најдобро време и по првата трка, а во второто возење само го потврди победничкиот резултат. За Американката ова е 44. победа на трките од Светскиот куп, 33. во слалом.

Словачката Петра Влхова која во Леви триумфираше минатата година заврши на втората позиција со заостанување од 0.58 секунди зад победничката. Третото место на подиумот и припадна на Австријката Берндет Шилд кој имаше за 0.79 секунди .

За утре во Леви е закажана првата трка од Светскиот куп во машка конкуренција со оглед дека велеслаломот во Зелден минатиот месец не се одржа. Скијачите ќе возат слалом, минатата година триумфираше Феликс Нојројтер.

 

 

Се вчитува...