Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓоргиев, продолжува со одлични настапи во шампионатот на Јапонија, каде нашиот капитен е главен играч на тимот на Сакаи.
Во денешната програма Сакаи се сретна со екипата на Нагано, триумфирајќи со максимални 3-0 токму благодарение на Ѓоргиев. Македонскиот ас беше најдобар поединец на натпреварот со 19 поени (17 од напад, еден ас и еден блок), за трета победа на својот тим сезонава.
Утрешниот натпревар ќе има дополнително значење за Ѓоргиев, ако се знае дека тој за ривал ќе го има Торај, тимот со кој Македонецот пред две години освои се што можеше да се освои во јапонскиот шампионат пред да замине на една сезона во Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА