Гостивар ја продолжи серијата добри игри во домашното првенство, лесно и убедливо триумфирајќи на домашен терен над аутсајдерот Шкупи со 115-62. Разликата во квалитет е толку голема што прашањето на победникот никако не беше доведено во прашање, но избраниците на Марјан Србиновски сите дилеми ги разрешија уште во првата четвртина.
Носени на крилјата по минатонеделниот триумф над Блокотехна, домашните кошаркари одиграа извонредна прва четвртина во која постигнаа дури 44 поени. Обезбедената предност од 44-18 им овозможи на домашните кошаркари да го „намалат гасот“ во остатокот од натпреварот. Гостиварци покажаа милост кон аутсајдерот, па втората четвртина заврши со израмнети 20-20, за потоа во преостанатите 20 минути домаќините уште повеќе да ја зголемат разликата за апсолутно заслужена убедлива победа.
Фустингер со 22 поени беше прв стрелец на победничкиот тим, 18 постигна Костоски, а 17 Димитриевски. Во таборот на Шкупи најдобар стрелец беше Цого со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА