Ракометарот на Вардар, Сташ Скубе, ги собра симпатиите на спротската јавност со својот ферплеј-потег на минатонеделниот натпревар во Скопје, кога му помогна на противничкиот ракометар Дика Мем да не заработи исклучување.
Имено, судиите веќе му покажаа две минути на Мем, пред Скубе самиот да реагира и да им соопшти дека стартот не бил опасен, по што тие ја променија својата одлука.
Гестот на Словенецот не остана незабележан од каталонскиот гигант, па челниците на клубот пред денешниот натпревар во „Блауграна“ му доделија специјално признание за ферплеј на членот на Вардар, кој доби и гласни аплаузи од навивачите на Барселона.
? Reconeixement del @FCBhandbol al jugador Skube pel seu gest de fairplay en el partit de la setmana passada / Reconocimiento a Skube, del @HCVardar , por su gesto deportivo del último partido ?? #ehfcl #MOTW ?? pic.twitter.com/SaxzuSC94f
— Barça Handbol (@FCBhandbol) November 17, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА