Турингер за кој настапува Јована Саздовска и Крим Меркатор со Сара Ристовска во составот, одиграа нерешено 26-26 во натпреварот од последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите во жанска конкуренција. Крим отпретходно веќе го имаше осигурнао второто место во групата и пласманот во следната рунда заедно со првопласираниот Ѓер, а со денешниот бод, пласман во главната фаза од ЛШ обезбеди и Турингер.
Во меѓусебниот дуел, Ристовска постигна три гола за Крим, а Саздовска не се запиша во листата на стрелците во составот на Турингер.
Од оваа група без пласман во следната рунда остана екипата на Подравка Вегета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА