Кога голман ќе даде гол од 90 метри (видео)

Реткост е во фудбалот да се види како голман се запишува меѓу стрелците, уште поретко е тоа да го стори од сопствената половина, камоли од својот шеснаесетник како што тоа беше случај со чуварот на мрежата на Јордан, Амер Шафи, на дуелот против Индија.

Тој ја фати топката со рацете, а потоа забележувајќи дека противникот е истрчан шутна најсилно што можеше од работ на шеснаесетникот. Индискиот голман Сингха Сандхуа стигна назад, но лошо го процени летот на топката, која го прескокна и заврши во мрежата.

Гол што и двајцата голмани ќе го паметат цел живот, Јорданецот по добро, Индиецот по лошо…

Се вчитува...