Фудбалската репрезентација на Англија со драматичен пресврт оствари триумф (2-1) против светскиот вицепрвак Хрватска на „Вембли“ и го освои првото место во групата 4 од Лигата А. Тоа носи пласман во плејофот во ова натпреварување и понатамошна борба за настап на Европското првенство во 2020 година.
Фантастичен дуел, без калкулации одиграа двете селекции. Само победа ги носеше и Англија и Хрватска во плејофот, поразениот пак, селекцијата на Хрватска, испаѓа во Лигата Б.
По пропуштените шанси на Рахим Стерлинг и на Хари Кејн во првото полувреме, Хрватска дојде во водство со голот на Андреј Крамариќ во 57.минута.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, потоа фрли се на една карта, нареди тотална офанзива, и тоа донесе пресврт и голем триумф. Џес Лингард во 78.минута го израмни резултатот, а капитенот Хари Кејн во 85.минута постигна победнички погодок за домашната селекција.
По ова, Англија е прва во групата 4 од Лигата А и оди во плејофот, Шпанија се најде на второто место, а третопласираната Хрватска испадна во Лигата Б.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА