Жарко Пешевски со Мотор Запорожје славеше сензационална победа на гостувањето во Франција против Нант со Кире Лазаров со , во натпреварот од 8.коло во групата Б од Лигата на шампионите. За актуелниот европски вицешампион ова е четврти пораз во ЛШ сезонава по кој останува на третата позиција на табелата со само бод предност пред Фленсбург и Целје. За Мотор Запорожје пак, ова е втора победа со која Украинците се искачија на 6.место и остануваат во игра за пласман во следната фаза од ЛШ.
Мотор Запорожје и на овој меч пружи силен отпор и чесно го намачи актуелниот европски вицешампион. Украинскиот тим беше во водство во првата четвртина од натпреварот, но потоа Нант ја презеде инцијативата, Сирил Думулин врза неколку одбрани, а Кире Лазаров реализираше од седмерец за водство на домаќините од 9-7. Нант во првото полувреме на два пати имаше предност од +3, но, на одмор замина со минимална предност од 13-12.
Притисокот на Мотор Запорожје продолжи и во второто полувреме кое гостите го отворија со серија од 3-0 и одново го презедоа водството (13-15). Тимот на Пешевски ја задржа позитивата и во наредните дваесетина минути. Нант конечно дојде до изедначување со погодокот на Рок Фелињо за 21-21 на девет минути пред крај.
Но, Мотор Запорожје беше поуспешен во финишот и освои драгоцени бодови. Украинците во завршните минути направија серија од 5-1 и ја потврдија победата со конечните 23-27.
Кире Лазаров беше втор стрелец во Нант со пет гола од десет обиди, еден помалку од Николас Клер кој беше најефикасне во Нант со шест гола. Жарко Пешевски не се запиша во листатат на стрелците во составот на Мотор Запорожје во кој најефикасен беше Аиденас Маласинскас со осум гола.
Во следното коло од ЛШ, Нант му гостува на ППД Загреб, а Мотор Запорожје го пречекува Целје. Во денешната меѓусебна пресметка на словенечкиот и хрватскиот шампион, Целје го декласира ППД Загреб со 30-21.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА