Игор Јакимовски е најуспешниот Македонец на атлетскиот маратон на европските армии кој изминатиов викенд се одржа во Фраунфилд, Швајцарија.
АРМ учествува четврта година по ред на овој маратон во должина од 42 километри кој Јакимовски го истрча со време од 3:25.45 часа. Со тоа што се трча во воена опрема и со ранец со тежина од 6,5 килограми.
Од останатите македонски учесници, Добре Кузмановски истрча со време од 3:41.09 часа, додека Трајче Илиевски маратонот го истрча со време од 3:49.21 часа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА