Шејн Витингтон ќе добива нова шанса да се докаже во дресот на македонската репрезентација откако ќе се најде на списокот на Јорданчо Давитков за претстојниот квалификациски натпревар против Косово, закажан за 2 декември.
Центарот на Андора имаше деби за заборав во дресот на „црвено-жолтите“ при поразот на гостувањето во Швајцарија, по што неговото место на стартот од новиот квалификациски циклус го презеде Ричард Хендрикс. Сепак, во пресрет на наредниот меч со Косово донесена е одлука Хендрикс поради семејна причина да добие одмор од националниот тим, па на списокот на Давитков повторно ќе биде Витингтон.
Македонија моментно е првопласирана на табелата во својата група, по победите над Косово и над Романија, а триумфот во Гевгелија на 2 декември широко ќе ги отвори вратите кон главната квалификациска рунда за Евробаскет 2021.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА