Младите фудбалери подобри од Црна Гора

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ја совлада соодветната селекција на Црна Гора со 0-2 на пријателскиот натпревар што се одигра во Подгорица.

Избраниците на селекторот Добринко Илиевски успеаја да подобрат многу сегменти во играта од првиот тест против Србија, кој го загубија со 0-1, и стигнаа до триумф над Црногорците. Стрелец на двата погодоци за Македонија против Црна Гора беше Емил Абаз.

Македонија настапи во следниот состав:Томас Божиновски, Ване Јованов, Милош Тошевски, Агрон Руфати, Есмин Личина, Милан Ристовски, Јани атанасов, Емил Абаз, Давор Здравковски, Марко Феруковски, Димитар Митровски. Уште играа и Андреј Тодоровски, Оливер Стоименовски, Марио Крстовски, Кристијан Трајчески, Даниел Миловановиќ.

Овие два тест – натпревари треба да му послужат на селекторот да добие подобра слика околу формирање на новата генерација фудбалери до 21 година, на која и претстои квалификациски циклус за ЕП.

Се вчитува...