Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров доби продолжен договор со францускиот Нант за уште нови две сезони, до јуни 2021 година. Актуелниот договор на Лазаров му истекуваше на крајот од оваа сеозна, но европскиот вицешампион сака да го задржи искусниот бомбардер во своите редови и во наредните две сезони.
„Работата беше лесно завршена бидејќи желбата беше иста на двете страни. Кирил е еден од најдобрите играчи во светот и го покажа тоа и по неговото пристигнување во Нант. Оваа година тој има доминантна улога во резултатите на тимот. Затоа сакаме да ја продолжиме соработката. За клубот претставува големо задоволство што имаме играч од ваков калибар во нашите редови“ – изјави претседателот на Нант, Гаел Пелетие.
Задоволен од продолжувањето на соработката е и Кире Лазаров кој и на 38-годишна возраст игра на највисоко ниво и доби нов двегодишен договор со францускиот тим.
„Среќен сум што соработката со Нант ќе продолжи и во наредните две годиниу. Дојдов во Нант бидејќи знаев дека тоа е тим што игра со карактер. Не беше лесно кога дојдов, дојдов со големи амбиции, но не зборував француски. За една година ситуацијата се смени многу. Сега во Нант се чувствувам многу добро, ми се допаѓа клубот и ги сакам неговите навивачи. Играњето овде пред полна сала е вистинска привилегија. Јас сум лојален човек и сакам да му возвртам на клубот за довербата што ми ја даде раководството“ – изјави Кире Лазаров за официјалниот сајт на клубот.
Продолжувањето на соработката со македонскиот капитен, Нант ја објави на оргинален начин со видео-порака:
?Prolongation
?? Le @HBCNantes est heureux d’annoncer la prolongation de son arrière droit @LazarovKiril7 pour 2⃣saisons supplémentaires, soit jusqu’en Juin 2021.
Infos & déclarations ? https://t.co/dMQaH1N9rG#WeHfamily pic.twitter.com/8b3afMTh45
— HBCNantes (@HBCNantes) November 19, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА