Со драматичен пресврт и гол во судиското надополнување на времето репрезентацијата на Холандија одигра реми 2-2 со Германија во последното коло до групата 1 во дивизијата А од Лигата на нации и обезбеди пласман во полуфиналето. Квинси Промес во 85 минута постигна гол за надеж на Холанѓаните кои уште од првото полувреме беа во негатива од 2-0, а Вирџил Дан Дајк во екстра времето стрелаше за потребниот бод кој и овозможува на Холандија прво место во групата.
Се до завршните минути изгледаше дека тимот на Јоаким Лев ќе дојде до првата победа во Лигата на нации. Уште во деветтата минута од средбата Германија поведе преку одличниот гол од далечина на Тимо Вернер. Веќе во 20 минута повратникот Лирој Сане го дуплираше водството на 2-0.
Холандија групата ја завршува со 7 бода, но подобра гол разлика од второпласираните Французи кои имаат идентичен број бодови. Германија со два бода се сели во понизок натпреварувачки ранг.
Холанѓаните им се приклучуваат на Португалија, Англија и на Швајцарија меѓу полуфиналистите во дивизијата А. Португалија во јуни ќе биде домаќин на завршницата. Ждрепката за полуфиналните двојки е на 3 декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА