Вирџил ван Дајк беше херој на натпреварот против Германија, откако постигна гол во судиското продолжение за реми (2-2) со кое Холандија се пласираше на Ф4 турнирот од Лигата на Нации.
Сепаг, потегот на натпреварот асот на Ливерпул го имаше по завршувањето на мечот, кога му пријде на судијата Овидиу Хатеган, почнувајќи да го прегрнува и да го теши. Во прв момент целокупната јавност беше изненадена од случката, но објаснувањето дојде токму од Ван Дајк.
„Тој се „скрши“ веднаш по последниот свиреж и почна да плаче бидејќи мајка му починала претходниот ден. Му посакав да биде силен и му реков дека добро судеше на овој меч. Тоа е мала работа, но се надевам дека му помогна“ – истакна холандскиот дефанзивец.
Referee Ovidiu Hategan recently lost his mother. Right after the FT whistle Virgil van Dijk went towards him to comfort him, while crying. This is beautiful.
— AFC Ajax ? (@TheEuropeanLad) November 19, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА