Угледниот француски „Л’Екип“ објави официјален видео материјал како најава за очекуваната гала вечер на која ќе се прогласат најдобрите од фудбалот за изминатава година.
Па, Французите најверојатно, преку видеото, ги открија и тројцата финалисти во трката за „Златната топка“ – Модриќ, Варан и Мбапе.
Прогласувањето на најдобрите ќе биде на 3. декември, а преносот од доделувањето на наградите ќе може да се следи на официјалниот канал на „Л’Екип“.
La cérémonie du Ballon d’Or France Football est à vivre en direct et en exclusivité sur la chaine L’Équipe le lundi 3 décembre ! #ballondor pic.twitter.com/EApinWGDvP
— la chaine L’Équipe (@lachainelequipe) November 19, 2018
Килиан Мбапе, Рафаел Варан и Лука Модриќ, судејќи според редоследот на појавување и простор кој се одвојува за нив низ видео материјалот, како што пренесуваат европските медиуми веќе јасно се финалистите во трката за „Златната топка“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА