Фулам под истрага за корупција

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) покрена истрага против Фулам поради обвиненијата за корупција упатени на адреса на лондонскиот клуб од поранешниот функционер Крег Клајн. Тој беше отпуштен од клубот во ноември минатата година по серијата недоразбирања со членовите на управата на Фулам. Пред еден месец, Клајн на Твитер порача дека има докази за корупција внатре во клубот.

Од ФА порачаа дека ги следат сите информации, а денеска потврдија и дека е отворена истрага. Фулам и сопственикот на клубот, Шахид Кан, пак ги отфрлија сите обвиненија.

Клајн во текот на својата работа во Фулам имал недоразбирања со сопствениците во однос на скаутингот на играчите, трансферите и соработката со менаџерите и го обвини Фулам за измама, експлоатација на деца и за расизам.

Во Фулам велат дека неговите обвиненија немаат кредибилитет, додека пак Клајн тврди дека бил сведок на бројни неправилности за време на неговиот престој во Лондон.

Фулам моментно е последен на табелата во Премиер лигата, неодамна имаше и смена на тренерската позиција на која Клудио Раниери го замени отпуштениот Славиша Јокановиќ.

Се вчитува...