Маурицио Сари застана во одбрана на Алваро Мората, штитејќи го својот напаѓач по најновите критики што пристигнаа на негова адреса за време на репрезентативната пауза. Шпанецот се посрамоти промашувајќи празен гол од само неколку метри на пријателскиот меч со БиХ што беше доволна причина критичарите повторно да отворат дискусии за неговите (не)квалитети, но Сари гласно стави до знаење дека има голема доверба во својот фудбалер, кој е најавен како стартер и за претстојниот дерби дуел со Тотенхем наредниот викенд.
„Mората е многу квалитетен фудбалер, брз и технички надарен. Тој исто така е и многу чувствителен, па криките на негова адреса тешко му паѓаат и потоа му се одразуваат врз играта. Јас верувам во него и ќе продолжам да му давам шанса бидејќи знам дека тој е играч што со еден потег може да го реши секој натпревар“ – изјави Сари.
Мората ја почна сезоната со само еден гол во првите девет одиграни средби, но играше во се подобра форма пред репрезентативната пауза, стигнувајќи до бројката од пет постигнати погодоци во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА