Наполи заинтересиран за Бенјамин Павар

Италијанскиот калчолигаш Наполи влегува во сериозна трка за ангажман на Бенјамин Павар. Францускиот интернационалец игра одлично во дресот на Штутгарт во Бундес-лигата, но остави голем печат и на Мундијалот во Русија во дресот на новиот светски првак. Тренерот Карло Анчелоти би сакал да го доведе Павар во летниот преоден рок, а Наполи има подготвено 40 милиони евра.

За услугите на Павар се интересираат и Баерн Минхен, Севилја, Пари Сен Жермен и Јувентус. Тој има актуелен договор со Штутгарт до 2021 година.

Се вчитува...