Ново аргентинско танго по нотите на Икарди и Дибала

Аргентинската репрезентација продолжува со добри игри во периодот по СП 2018 откако селекторот Лионел Скалони успеа да формира компактна група на играчи што го надополни неиграњето на Лионел Меси за националниот тим по Мундијалот во Русија.

„Гаучосите“ синоќа се сретнаа со Мексико и рутински славеа со 2-0 со головите на Икарди и на Дибала, двајцата асови од Калчо-лигата, кои во отсуство на Меси се наметнаа како нови лидери на оваа репрезентација.

Со оглед на добрите игри под водство на Скалони, за очекување е Аргентинската Федерација да му понуди нов договор на овој стратег, за да остане на чело на „гаучосите“ најмалку до следното издание на Копа Америка, што на програмата е наредното лето.

Се вчитува...